Дали некогаш сте посакувале нова алатка или функција која би го олеснила уредувањето на викијата? Со цел да постигнеме раст и расцут на Викимедиините проекти, на доброволците им требаа програмска опрема што ќе им помогне лесно да пишуваат, наведуваат, подигаат и соработуваат ширум разни јазици. Производните екипи на Фондацијата Викимедија градат и одржуваат програмска опрема во текот на годината, а воедно и бараат соработки со доброволци за да градат, испробуваат и доставуваат подобрувања. Во поддршка на оваа соработка Фондацијата Викимедија сега повторно го отвори главното средство за технички предлози и идеи: Желби на заедницата.
Желбите на заедницата е Викимедиин форум каде доброволците можат да ги споделат своите идеи (наречени желби) за подобрување на работата на викијата. За разлика од претходното издание, овие желби остануваат секогаш отворени, а доброволците можат да поднесуваат желби на било кој јазик. Желбите треба да ги одразуваат техничките предизвици кај производите на кои наидуваат доброволците; треба да им дадат простор на разработувачите, осмислувачите и инженерите да се здружат со корисниците во заедничка изработка на решенија. Штом ќе примат желба, екипите на Фондацијата Викимедија, доброволечките разработувачи и подружниците ќе ги разгледаат отворените желби и ќе изберат области на делување.
Доброволците можат да се вклучат во Желбите на заедницата на три нивоа: поднесување, гласање и изработка.
- Поднесување на желба: Новите Желби на заедницата им овозможуваат на доброволците да ги споделуваат своите желби со изворно уредување (викитекст) или преку Нагледниот уредник, изразувајќи се на претпочитаниот јазик. Доброволците можат да поднесуваат било колку желби во било секое време, но мора да се најавени на Мета. Еве како да започнете:
- Појдете на почетната страница „Желби на заедницата“ и стиснете на „Поднеси желба“, а потоа пополнете ги следниве задолжителни полиња
- Назив: називот на вашата желба
- Опис: проблемот што сакате да го решите.
- Тип: барање за функција, пријава на грешка, системска промена или нешто друго.
- Проект: Википроекти поврзани со желбата.
- Засегнати корисници: Опис на корисниците кои би имале корист од исполнетата желба
- Корисниците по желба можат да споделат поднесок на Фабрикатор.
- Стиснете на „Поднеси“. Тоа е сè!
- Гласање за клучни области: Екипите на Фондацијата Викимедија ќе ја разгледуваат новата желба според нејзината релевантност и исполнетост, па, ако е применливо, ќе ја групира во Клучна област, што претставува збир желби кои во основа делат ист проблем. Клучните области првично ќе ги создаде Фондацијата, а потоа доброволците ќе можат да гласаат по и коментираат на нив за да определат на кои да им се даде предност.
Екипите на Фондацијата Викимедија потоа ќе усвојат Клучни области како дел од Годишниот план. Ова е битна разлика од минатите желби; иако повеќе екипи на Фондацијата работеа на исполнување на желби на заедницата (погледајте: Темен режим, Проверка на уредување), ова не се правеше доследно и во соодветен размер. Отсега списокот на желби ќе служи како централен довод за внесување на техничките потреби на заедницата во годишното планирање за Производи и технологија, каде се носат големите одлуки за доделување средства. Почнувајќи од 2024-5 г. Фондацијата посвети барем две екипи (Техника на заедницата и Модераторска алатница) за разгледување на Желбите, усвојување и работа на Клучни области. Како што ќе ги разгледуваме мислењата за Клучните области, постои можност Клучните области да бидат усвоени и од дополнителни екипи за оваа година. Кон 2025-2026 г. очекуваме во годишното планирање да влезат уште повеќе желби, со признание дека не секоја желба ќе биде вклучена во Клучна област, и дека Фондацијата не мора да реши да работи не секоја желба или Клучна област.
Првиот збир на Клучни области ќе го претставиме на Викиманија, и ќе ги поканиме доброволците на соработка со нас во донесувањето на идни Клучни области.
- Изработка на технички решенија. Фондацијата, подружниците и техничките партнери може да усвојуваат Клучни области и да продолжат да соработуваат со учесниците со придонеси кон понатамошната разработка и да изградат нова идеја.
Желбите на заедницата се важни во градењето на повеќегенерациско движење; за да изградиме поодржлива програмска опрема, ние ќе треба да консултираме и соработува��е со доброволци во решавањето на предизвиците и можностите за подобрување на нашите производи и технологија. Секој во движењето може да земе учество во Желбите и да соработува со други доброволци и Фондацијата Викимедија во изградбата на подобра програмска опрема.
Со задоволство повторно ги отвораме Желбите на заедницата заедно со вас, и со нетрпение ги очекуваме сите нешта што можеме меѓусебно да ги споделиме.
Can you help us translate this article?
In order for this article to reach as many people as possible we would like your help. Can you translate this article to get the message out?
Start translation