Прејди на содржината

Анастасија (пејачка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анастасија
Анастасија на доделувањето на наградите за најдобар светски артист во 2009 (Виена, Австрија)'.
Животописни податоци
Родено имеАнастасија Лин Њукирк
Роден(а)17 септември 1968(1968-09-17)(56 г.)
Чикаго, Илиноис, САД
ЖанровиР&Б, Соул, Рок, Поп
Занимањапејач- текстописец, продуцент, моден творец, филантропист
ИнструментиВокал
Период на активност1990–до денес
ИздавачиSony (1998–2006)
Mercury (2008–2010)
BMG (2012–2015)
Sony (2015-до денес)
Мреж. местоwww.anastacia.com

Анастасија ( родена на 17 септември 1968 со нејзиното родено име Анастасија Лин Њукирк) е американска пејачка- текстописец. Таа е многу успешна во Европа, Азија, Јужна Африка и Јужна Америка меѓутоа не доживеа голем успех во нејзината родна Америка. Нејзиниот деби албум “Not that Kind” објавен во 2000 година доживеа огромна продажба во Австралија, Нов Зеланд и голем дел од Европа.

Во 2005 таа успеа да продаде повеќе од 200 милиони албуми во целиот свет. Анастасија е светски позната по својот моќен глас и нејзиниот мал раст (160 cm) поради кој таа се здоби со прекарот “Малечката дама со големиот глас”. Исто така таа беше позната по нејзиниот заштитен знак затемнети очила, но за да го поправи нејзиниот вид таа имаше операција во август 2005.

Ран живот и почетоци во кариерата

[уреди | уреди извор]

Анастасија е родена во Чикаго, Илиноис во фамилија од шоу-бизнисот. Нејзиниот покоен татко Роберт Њукирк ( со германско потекло) беше клупски пејач а нејзината мајка Дајан Хурли (со ирско потекло) глумица на Бродвеј. Откако почина нејзиниот татко кој имаше биполарно растројство, тие се преселија во Њујорк кога таа беше тинејџерка. Потоа се запиша во професионално училиште во Менхетен.

Анастасија набргу стана заинтересирана за танцување и покрај тоа што и беше дијагностицирана Кронова болест кога таа имаше 13 години. Таа за првпат се здоби со поглемо значење фрлајки во го сенка Д.Л. Хули за време на неговото гостување во BET’s Comic View пеејќи ја “Get here” на Олета Адамс во 1992. За време на раните 1990-ти таа редовно се појавуваше на MTV и во неколку видеа за женската хип-хопгрупа Salt-n-Pepa. Во 1999 таа го привлече интересот на издавчките куќи по финалето на MTV шоуто за таленти “The Cut”. Анастасија потпиша договор со Дејлајт Рекордс во март 1999. Лиза Лопес од женската група TLC беше водителка на шоуто за таленти на MTV, The Cut. Анастасија тогаш не беше позната и заврши на второто место, но ја импресионираше Лопес и другите тројца судии во шоуто со што таа потпиша договор за снимање.

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

1998–2002: Not That Kind и Freak of Nature

[уреди | уреди извор]

Деби албумот на Анастасија “Not That Kind” беше објавен во 2000. Албумот доживеа огромен успех, влегувајќи во првите 10, во 8 земји во Европа , Азија и Океанија. Тој постигна тројна платинска продажба, поттикната од успехот на нејзиниот деби сингл. “I’m Outta Love” во 1999. Овој сингл беше на врвот на топ листите во Австралија и Њу Зеланд, на второ место во Франција и исто така на шестото место во Германија и Велика Британија. Во САД беше само мал радиски хит . Вториот сингл “Not That Kind” го достигна единаесеттото место во Велика Британија и стана еден од десетте топ хитови во Италија. Исто така влезе и во дваесетте топ хитови во Швајцарија и Франција. Cowboys & Kisses беше објавен како трет сингл кој се трасираше во првите 40 во неколку Европски земји. Како последен промотивен сингл, “Made for Loving You” во Велика Британија овој сингл го го достигна 27-то место а во Франција 72-то.

Додека “I’m Outta Lovе” беше топ десет хит на Hot Dance Club Play, ”Not That Kind” не се искачи на виско место на табелата на Billboard Hot 100.

Нејзиниот втор албум “Freak of Nature” постигна солидна продажба мегутоа не го постигна успехот на интернационално ниво како што тоа беше со ”Not That Kind”. Првиот објавен сингл беше “Paid my Dues”. Вториот сингл ”Only Day in your Life”, го достигна единаесеттото место во Велика Британија и беше топ 10 во повеќе Европски земји. Следниот сингл “Why’d you lie to Me” ги достигна топ триесетте во Велика Британија. You’ll Never be Alone - четвртиот сингл го достигна местото 28 на “Adult Contemporary Chart” во САД. Кога конечно албумот беше пуштен во продажба во САД во мај 2002, Анастасија го посвети на Лиза ”Left Eye” Лопес, која загина во сообракајна несреќа еден месец претходно. Лопес беше делумно заслужна за успехот на Анастасија, откако таа беше водителка на шоуто на MTV The Cut, каде што Анастасија го направи нејзиниот прв пробив. Набрзо таа објави двојно диск издание кое вклучува 2 бонус хита, рекимси на три нумери од албумот и две песни во живо земени од свирка во Јапонија која беше изведена на 13 Септември 2002.

Анастасија им се придружи на Селин Дион, Шакира, Шер, Дикси Чикс и Стеви Никс за VH1’s Divas Live во 2002 и со песната “Love is a Crime” придонесе за нумерата “Чикаго”. Песната го достигна првото место на списокот на Hot Dance Club.

2004-2006 Албумот “Anastacia” создавањето на "Sporck" и првата турнеја

[уреди | уреди извор]

Како што е наведно во Австралиското шоу Rove во 2004, Анастасија сакаше да ги надмине нејзините досегашни постигнувања сметајќи дека имаше нешто што недостасува од нејините претходни дела. Таа воведе повеќе рок инструменти кои донесоа нова атмосфера во нејзината музика. Како пејач таа почувствува дека премногу острина во нејзиниот глас не би звучела добро. Анастасија го опишува својот звук како Sprock- комбинација од соул, поп и рок. Таа го именуваше албумот по себе.

Анастасија почна со снимање на нејзиниот следен албум во септември 2003, работејќи со Глен Балард, Далас Остин и Дејвид А. Стјуарт со што албумот беше објавен во 2004. Таа исто така за албумот соработуваше со P.O.D. со пејачот Сони Сандовал на песната која зборува за социјалната свест “I Do”

Првиот сингл објавен во март беше “Left Outside Alone” кој значеше промена во насоката за Анастасија. Тоа беше една од најголемите песни во Европа во 2004, и стана еден од нејзините најголеми хитови.

“Anastacia” се покажа како голем хит, достигајќи го врвот на националните топ листи во Велика Британија, Ирска, Холандија, Австралија, Грција, Германија и други земји. За разлика од нејзините први два албума кои беа објавени во нејзината татковина Америка, “Anastacia” не беше, покрај тоа што беше планирана за објавување во три прилики. “Left Outside Alone” беше пуштена двапати но не успеа да доживее голем успех на радијата. Се здоби само со привремен Adult Contemporary и Hot AC формат на емитување на радио. Повторно тоа предизвика ритмички/денс формат што се емитуваше на радио и денс миксот на “Left Outside Alone” го достигна петтото место на Hot Dance Club Play. По оригиналната верзија на "Left Outside Alone” која не успеа да доживее успех особено на радио, албумот беше одложен и на крајот откажан откако датумот за издавање 30 Август 2004 помина.

Анастасија објави три идни интернационални успешни синглови ; “Sick and Tired”( со кој го освои првото место во Шпанија и влезе во првите топ пет синглови во Велика Британија). “Welcome to My Truth” ( нејзиниот најдобро продаван хит во Шпанија), и баладата “Heavy on My Heart” чиишто приходи од продажбата беа наменети за нејзиниот фонд ( добротворна организација која овозможува финансирање н�� истражувањата за рак на дојка).

Еден мал дел од нејзиниот албум именуван по неа беше пуштен со бонус ДВД, постер од Анастасија и кутија. ДВД-то ги вклучува “Making of Anastasia”, “2002 Europe Promo Tour” и галерија од нејзини слики.

Анастасија во живо на Хален стадион.

Од Септември 2004 до Август 2005, таа беше на нејзината таканаречена “Live at last Tour”. До 2005 турнејата беше преименувана во “Encore Tour”.

На крајот на 2005 таа ја објави нејзината колекција на најголеми хитови наречена “Pieces of a Dream”, именувана по песна со истото име. Хит сингловите “Pieces of a Dream” и дуетот со Ерос Рамазоти “I Belong to You”(II Ritmo Della Passione}, кој беше голем хит во Европа се искачи на топ десет листите во речиси сите Европски земји. Покрај тоа што Sony BMG ја натера да ја објави оваа колекција, Анастасија вели дека е среќна што ја создаде бидејќи таа колекција претставува како една книга со приказни за неа или како резиме на првите пет години од нејзината кариера.

Кратко по објавувањето на “I belong to you (II Ritmo Della Passione)”, Анастасија го објави нејзиното прво ДВД во живо Live at Last на 27 Март, 2006 во Европа. ДВД-то содржи снимки од концертите во Берлин и [Минхен[]]. Тоа вклучува музички спотови за нејзините четири синглови “Left Outside Alone” (Американската верзија), “Еverything Burns” ( со Бен Муди), “Pieces of a Dream”, и “I belong to you (II Ritmo Della Passione)”, со [[Ерос Рамазот[[и, пет алтернативни видеа (“I Do”, “Rearview”, “Seasons Change, “Underground Army”, и “Time”) на песни од најзиниот албум именуван по неа и документарен филм за турнејата.

2007-2009: Нова издавчка куќа, "Heavy Rotation" и турнеја "Heavy Rotation"

[уреди | уреди извор]

Анастасија присуствуваше на комеморативниот концерт во чест на принцезата Дајана на 1 јули 2007, кој беше одржан на 46-от роденден на принцезата. Ова беше еден од првите голем настани кои се случија на новиот Вембли Стадион, и еден од нејзините први поголеми настапи откако паузираше од индустријата. Таа го отвори и мешаниот дел од шоуто и го пееше препевот на “Superstar”, од операта Jesus Christ Superstar на Ендрју Лојд Вебер со госпел хор зад неа.

Во Август 2007, на мрежното место “Anastacia by S.Oliver” беше објавено видео на кое Анастасија беше прашана за нејзините идни планови, и таа потврди дека работи на најзиниот нов албум како и на модната линија. За специфичен месец на пуштање или пак за насловот на албумот не беше споменато. Во Ноември 2007, нејзината автобиографија на официјалното мрежно место на Анастасија беше надградена да се каже дека ќе има нов албум во 2008, а по него ќе следи и турнеја.

На 24 Јули, Анастасија изјави дека нејзиниот четврти студиски албум Heavy Rotation ќе биде објавен на 27 Октомври 2008 во Европа и Азија ( и на други места во 2009). Новиот албум вклучува соработка со продуцентите Не-Јо, гигантите, Лестер Мендез, Ј.Р.Ротем и Родни Џеркинс. Првиот сингл од албумот беше наречен “I Can Feel You” и почна да се еимитува на радијата на 25 август 2008. Вториот сингл од Heavy Rotation беше “Absolutely Positively” кој подоцна послужи како промотивен сингл. Третиот официјален сингл од албумот се потврди како неуспешен и беше пуштен како промотивен сингл во Европа без музички спот.

Нејзиниот четврти студиски албум се покажа како помалку успешен од претходните три. Нејзините синглови не влегоа во топ 40 во нејзината најпопуларна земја Велика Британија. Анастасија остана позитивна, наведувајќи дека дека и други изведувачи се соочуваат со истите проблеми кога ја менуваат издавачката куќа, исто така обвинувајќи ја светската економска криза.

Во Јуни 2009 Анастасија ја отпочна нејзината втора турнеја низ Европа за да го промовира нејзиниот четврти студиски албум. Турнејата беше добро прифатена од страна на критичарите и од обожавателите исто така. Анастасија го прикажа синглот “Stalemate” од Англискиот состав Ben’s Brother објавен на 26 октомври 2006. Во Ноември и Декември 2009 Анастасија, Чака Кан и Лулу го водеа “Here come the Girls”- специјаlен Божиќен концерт кој се одржа само во Велика Британија. На 7 Декември 2009 Анастасија ja отвори годишната Royal Variety Performance заедно со Лулу и Чака Кан изведувајќи го препевот на “Relight My Fire”.

2010 - Денес: "Art on Ice", "Don’t Stop Believing" и турнејата “Natalia meets Anastacia”

[уреди | уреди извор]

Во Март 2010, Анастасија се појави на неколку шоуа за уметност на мраз во Цирих на “Hallenstadion” како и во Лозана. Во Март таа почна со снимање на нејзиниот петти студиски албум. Синглот “Safety” изведен во дует со Рускиот пејач Дима Билан, беше снимен во Лос Анџелес на 25 Мај 2010. Анастасија исто така беше една од главните во жирито на Британското шоу за таленти “Don’t Stop Believing”, натпревар инспириран од музичката - драма комедија Glee.

На 23 Март Анастасија објави дека ќе и се придружи на Наталија Друјтс за време на концетите насловени како “Natalia Meets Anastacia” кои се одржаа во Белгија на “Sportpaleis” во јануари 2011. Беа распродадени над 100,000 влезници. На почетокот на Јули, Анастасија и Наталија Друјтс снимија дует кој беше објавен на 17 Септември со кој ги промовираа концертите “Natalia Meets Anastacia”.

Таа исто така беше првиот интернационален пејач кој одржа концерт во Северен Кипар кој е окупиран од старана на Турција, на 13 Ноември 2010.

Моден Бренд

[уреди | уреди извор]

“Anastacia by s.Oliver” е колекција на облека пуштена во продажба кон крајот на 2006 од страна на Анастасија и Германската компaнија за облека s.Oliver. Таа имаше изјавено дека долго време сака да објави модна линија: Долго време имав идеја за изработка на моја сопствена колекција но го чекав вистинскиот партнер. “s.Oliver” дојде во правото време. Се запознавме меѓусебно и сфативме дека не само што се усогласуваме како бренд туку исто така имаме исти идеи за изгледот на “Анастасија by s. Oliver” Постојат многу точки кои треба да се земат предвид при дизајнирање на колекција : Кои трендови се ин, кои бои, какви ткаенини, кои стилови... Среќна сум што мојата соработка со дизајнерскиоt тим на s.Oliver е успешна и што ги споведуваме овие идеи заедно. На пример, јас мислам дека е многу важно што мојата облека може да се носи во различни големини. Ограничено издание на ЦД наречено “Welcome To My Style” беше исто така бесплатно за потрошувачите кои купиле облека во вредност од 60 евра или повеќе, во ноември.

Анстасија пушти во продажба ограничено издание на модна линија наречена “Limited Luxury” која беше дизајнирана заедно со познатитот бренд Сваровски. Оваа модна линија се најде во продавниците на 2 Ноември 2007 и се продаваше само во некои земји.

Филантропија

[уреди | уреди извор]

За време на нејзиниот успех во кариерата Анастасија има помогнато во многу хуманитарни настани како што е “Life Ball” 2006 (Најголемиот годишен добротворен настан во Европа за борба против сидата) како и “Make a Difference” и “Challenge for the Children” Анастасија ја сними песната “Someday My Prince Will Come” од Снежана и седумте џуџиња. Оваа нумера исто така е вклучена и во колекционерското издание од нејзиниот втор албум.

Во 2003 Анастасија зеде учество во хуманитарниот хастан, 46664, во организација на Нелсон Мандела за подигање на свеста за СИДА-та. Таа пееше со U2 и Queen, и исто така придонесе за песната “Amandla” снимајќи ја и имаше свој придонес во текстот. Ени Ленокс ги здружи силите со Анастасија и 22 други женски изведувачи за да се подигне свеста за преносот на ХИВ кај неродените деца во Африка. Синглот “Sing” беше објавен на Светскиот ден за борба против СИДА-та, 1 Декември 2007 заедно со Ени Ленокс на концертот на Нелсон Мандела 46664 во Јужна Африка.

Откако и беше дијагностицирано рак, Анастасија ја создаде својата Фондација наречена “Anastacia Fund” во партнерство со Ести Лаудер. Оваа организација помага за подигање на свеста за рак на дојките и важноста на мамограмите за жените кои се на возраст од 35 години но и помладите. Анастасија започна со продажба на нејзината облека на eBay, донирајќи дел од средствата на Фондацијата за Истражување на Рак на Дојката. Аукциите беа водени од страна на асистент од eBay и сертифициран бизнис консултант.

Во 2008 таа настапи на “Pink Ribbon Gala" во Стокхолм, се појави и на “Divas II”, добротворен концерт заедно со многу други женски изведувачи а исто така имаше настап и на концертот “ChildLine” во Даблин.

Личен Живот

[уреди | уреди извор]

Анастасија се венча со нејзиниот телохранител Вејн Њутан во Хуатулко, Мексико на 21 Април 2007. Во Април 2010 беше потврдено дека поднеле петиција за развод.

Анастасија има неколку тетоважи на грбот, a на вратот имаше истетовирано Forever ( засекогаш) со необичен фонт. Таа исто така има истетовирано “Ankh” на најзиниот долен дел од грбот, кој се појави на нејзиниот прв албум. Бидејќи тоа претставува вечен живот, нејзините обожаватели ова ги асоцира на неа.

Анастасија боледува од Кронова болест. За нејзината болест, таа вели: “Плашењето ги разгорува симптомите на Кроновата болест. Јас треба да научам да не се плашам од чувствата. Можеби мислите дека е чудно што јас сè уште сакам да ја исполнам мојата амбиција да станам пејачка, обидувајќи се да го направам тоа во бизнис кој е многу тежок и под притисок”

Дијагностициран рак

[уреди | уреди извор]

Во Јануари 2003 година, Анастасија одлучи да ги намали градите поради оптоварување на нејзиниот грб. Од мамограмот за операцијата таа откри дека има рак на дојката. Таа веднаш почна со терапија и успешно ја заврши операцијата и радиотерапијата. Подоцна Анастасија оформи Фонд за да ја подигне свеста за ракот на дојката кај помладите жени.

На своето здравје му ја препишува инспирацијата за звукот и содржината на нејзиниот трет албум. Според интервјуто што таа го даде во 2005 за Британската музичка станица The Box , нејзиниот глас ја загуби моќта и таа не е во можност да снима, па затоа поминува подолго време во пишување и се обидува да создаде звук од кој ќе биде задоволна.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студио албуми

Компилации
Singl.
  • 1993: One More Chance
  • 1993: Forever Luv (duet with David Morales)
  • 1998: Mi Negra, Tu Bombón (duet with Omar Sosa)
  • 1998: Not That Kind
  • 1999: Tienes Un Solo (duet with Omar Sosa)
  • 1999: I'm Outta Love
  • 2000: Saturday Night's Alright for Fighting (duet with Elton John)
  • 2001: Let It Be (duet with Paul McCartney, Anastacia other artists)
  • 2001: I Ask of You (duet with Luciano Pavarotti)
  • 2001: What More Can I Give (duet with Michael Jackson and other artists)
  • 2001: Love Is Alive (duet with Vonda Shepard)
  • 2001: 911 (duet with Wyclef Jean)
  • 2001: Cowboys And Kisses
  • 2001: Made For Lovin' You
  • 2001: Paid My Dues
  • 2002: One Day in Your Life
  • 2002: Boom
  • 2002: Why'd You Lie To Me
  • 2002: You'll Never Be Alone
  • 2002: I Thought I Told You That (duet with Faith Evans)
  • 2002: You Shook Me All Night Long (duet with Celine Dion)
  • 2002: Bad Girls (duet with Jamiroquai)
  • 2003: Love Is a Crime
  • 2003: We Are the Champions, We Will Rock You, Amandla (duet with Queen, Beyoncé, Bono, Cast and David A. Stewart)
  • 2004: Left Outside Alone
  • 2004: Sick And Tired
  • 2004: Welcome To My Truth
  • 2004: Heavy On My Heart
  • 2004: I Do (duet with Sonny Sandoval)
  • 2005: Everything Burns (duet with Ben Moody)
  • 2005: Pieces Of A Dream
  • 2006: I Belong To You (duet with Eros Ramazzotti)
  • 2007: Sing (duet with Annie Lennox and other artists)
  • 2008: I Can Feel You
  • 2008: Absolutely Positively
  • 2009: Holding Back the Years (duet with Simply Red)
  • 2009: Defeated
  • 2009: Stalemate (duet with Ben's Brothers)
  • 2010: Safety (duet with Dima Bilan)
  • 2010: Burning Star (duet with Natalia Druyts)
  • 2011: What Can We Do (A Deeper Love) (duet with Tiësto)
  • 2012: If I Was Your Boyfriend (duet with Tony Moran)
  • 2012: Dream on
  • 2012: Best Of You
  • 2014: Stupid Little Things
  • 2014: Staring at the Sun
  • 2014: Lifeline
  • 2015: Take This Chance
DVDs

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: