Официјалната апликација Gmail ги носи најдобрите работи од Gmail на вашиот телефон или таблет со Android со голема безбедност, известувања во реално време, поддршка на повеќе сметки и пребарување што функционира низ целата ваша пошта. Gmail е достапна и на Wear OS, па може да останете продуктивни и да управувате со е-пораки директно од вашиот зглоб.
Со апликацијата Gmail може:
• да блокирате преку 99,9 насто спам, фишинг, злонамерен софтвер и опасни линкови автоматски, така што никогаш нема да стигнат до вашето приемно сандаче
• да го враќате испратеното за да спречите засрамувачки грешки
• да вклучите Google Chat за поврзување, создавање и соработување со други
• да завршувате повеќе работи како група во „Простори“, место наменето за организирање луѓе, теми и проекти
• да уживате во видеоповикување со висок квалитет со Google Meet
• брзо да одговарате на е-пораки со предлозите на „Паметен одговор“
• да се префрлате меѓу повеќе сметки
• лесно да приложувате и да споделувате датотеки
• брзо да добивате известувања за нова пошта, со опции за „Центар за известувања“, значка и заклучен екран
• побрзо да ја пребарувате вашата пошта со инстант резултати, предвидувања додека пишувате и предлози за правопис
• да ја организирате вашата пошта со етикетирање, означување со ѕвезда, бришење и пријавување спам
• да повлекувате за архивирање/бришење, за брзо расчистување на приемното сандаче
• да ја читате вашата пошта со разговори во низи
• автоматски да пополнувате имиња на контакти додека пишувате од „Контактите на Google“ или телефонот
• да одговарате на покани во „Календар на Google“ директно од апликацијата
• да додадете компликација и плочка за Gmail на вашиот часовник со Wear OS за да добивате краток преглед на вашите е-пораки
Gmail е дел од Google Workspace што ви овозможува вам и на вашиот тим лесно да се поврзувате, создавате и соработувате. Може:
• да се поврзете со соработниците преку Google Meet или Google Chat, да испратите покана во „Календар“, да додадете дејство во вашиот список со задачи и друго, сето тоа без да ја напуштите Gmail
• да користите предложени дејства како „Паметен одговор“, „Паметно пишување“, граматички предлози и потсетувања, сѐ со цел да останете во тек со работата и да вршите едноставни задачи за да го користите вашето време поефикасно
• да останете безбедни. Нашите модели за машинско учење блокираат преку 99,9 насто спам, фишинг и злонамерен софтвер, така што никогаш нема да стигнат до нашите корисници
Дознајте повеќе за Google Workspace: https://workspace.google.com/products/gmail/
Следете нѐ за повеќе детали:
Twitter: https://twitter.com/googleworkspace
LinkedIn: https://www.linkedin.com/showcase/googleworkspace
Facebook: https://www.facebook.com/googleworkspace/
Ажуриранa на
10.12.2024 г.