Мамлива светлина (филм)
„Лажлива светлина“ (француски: Le feu follet) — француски филм од 1963 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle), кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на Пјер Дриу ла Рошел. Главните улоги ги играат: Морис Роне (Maurice Ronet), Жана Моро (Jeanne Moreau), Ибер Дешан (Hubert Deschamps), Александра Стјуарт (Alexandra Stewart) и Лена Скерла (Lena Skerla). Филмот е снимен според романот на Пјер Дрие Ла Рошел (Pierre Drieu La Rochelle), а многу критичари го сметаат за најзрелото остварување на Мал, кој подлабоко од кога и да било ја истражува темата на која повеќепати се навраќал во својата кариера – осаменоста и отуѓеноста. За него, тој ја освоил посебната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција, а бил номиниран и за наградата „Златен лав“.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во филмот се прикажани последните два дена во животот на Алан Лероа (го игра Роне) кој се наоѓа на лекување во психијатриска клиника поради алкохолизам. Тој е оженет со Лидија со која живее во САД, но заминува на лекување во клиниката во Версај. Неговиот доктор мисли дека Алан е излечен и дека може да си оди, но тој се плаши да ја напушти клииката, знаејќи дека ќе заврши трагично. Алан заминува во Париз, каде ги посетува своите пријатели, но по враќањето во болницата извршува самоубиство.