Прејди на содржината

Престолнински регион (Данска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Престолнински регион
Регион во Данска
Лого на Престолнински регион
Амблем
Најголем градКопенхаген
главенХилерод
Општини
Управа
 • претседателВибек Сторм Расмусен (Социјал Демократска Партија на Данска)
Површина
 • Вкупна2.561 км2 (989 ми2)
Население (1 октомври 2011)
 • Вкупно1,713,624
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоwww.regionhovedstaden.dk
Хилерод, главен град на Престолнинскиот регион
Општини во Престолнинскиот Регион

Престолнинскиот регион, или Голем Копенхаген е еден од 5-те региони на Кралството Данска, сместена во крајниот источен дел на државата. Управното седиште на регионот се наоѓа во градот Хилерод, додека најголем град во регионот е главниот град на Данска, Копенхаген.

Регионот е по многу работи единствена во Данска, бидејќи го опфаќа градот Копенхаген и неговите предградија.

Положба и граници

[уреди | уреди извор]

Престолнинскиот регион го опфаќа источниот дел на Данска и во целост е островски. Границите на регионот се морски, и тоа:

Природни услови

[уреди | уреди извор]

Престолнинскиот регион е во целост островски. Најголем остров е истоимениот остров Зеланд, истовремено и најголем во Данска. Островот не е целосно во рамките на регионот, туку само неговиот североисточен дел, додека останатиот дел припаѓа на регионот Зеланд. Втор остров по значење е островот Ворнхолм, во Балтичко Море, кој е значително оддалечен од остатокот од регионот (и државата) - околу 150 километри источно. Брегот не е многу разгранет, освен нејзиниот северен дел, каде има многу мали заливи, полуострови, премини и крајбрежни островчиња.

Регионот е претежно рамничарски, со надморска височина до 162 м (остров Борнхолм). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Делот од Копенхаген е доста разгранет, но подрачјата на северот од регионот и во рамките на островот Борнхолм се под земјоделско обработување и крајбрежни мочуришта.

Население

[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението од 2010 година, во регионот близу 1,7 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, но во значајно помал дел за разлика од останатите делови од државата (има бројни нови доселеници во подрачјето на Копенхаген). Населението е значајно урбано, за разлика од државниот просек.

Густина на населеност на регионот е 650 жит/км2, што е навистина над државниот просек (127 ж/км2), Делот од островот Зеланд, каде се наоѓа и главниот дански град Копенхаген, е многу густо населено (>800 жит/км2), додека Борнхолм е поретко населелен (70 жит/км2), односно доста ретко населен за разлика од државниот просек.

Регионот има 29 општини, и тоа:

Значајни градови во регионот се:

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]