Прејди на содржината

Регулација (економија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во економијата, регулацијата е облик на државна интервенција во економијата. Таа претставува збир на мерки и прописи со кои се ограничува функционирањето на слободниот пазар или извршувањето на некои економски активности.

Причини за регулацијата

[уреди | уреди извор]

Во основа, регулацијата се применува во областите во кои слободниот пазар не може да обезбеди ефикасна алокација на ресурсите. Така, една важна причина за регулација на пазарот се позитивните или негативните екстерналии. На пример, во финансиите, ефектите од пропаста на една банка може да се прелеат и врз другите банки и да предизвикаат системски ризик, т.е. ја загрозат стабилноста на целиот финансиски систем.[1]

Трошоци на регулацијата

[уреди | уреди извор]

Регулацијата предизвикува трошење на реални ресурси, кои се јавуваат во два вида:[2]

  • директни регулаторни трошоци; на пример, во буџетската 2004-2005 година, расходите на британската Служба за финансиски услуги (Financial Services Authority) изнесувале 201,6 милиони фунти.
  • трошоци на фирмите поврзани со усогласувањето со прописите; на пример, една анкета на финансиските фирми во Британија покажала дека кај 44% од анкетираните, вкупните регулаторни трошоци надминале 10% од нивните вкупни оперативни трошоци, додека кај 72% од испитаниците, тие трошоци биле повисоки од 5%.
  1. Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 42.
  2. Kent Matthews and John Thompson, The Economics of Banking. John Wiley and Sons, Chichester, 2005, стр. 162.