Прејди на содржината

Средба (Гистав Курбе)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Средба или Добар ден господине Курбе
La rencontre, ou Bonjour Monsieur Courbet
Творец Гистав Курбе
Година 1854
Димензии 129 см × 149 см
Место Музеј Фабр, Монпелје

Средба, подоцна насловена Добар ден господине Курбе — слика од 1855 година од Гистав Курбе. Го прикажува уметникот кој се среќава со својот покровител Алфред Брија на пат кон Монпелје, со неговиот личен слуга и неговото куче. Ова е амблемно дело на уметникот, кое исто така е едно од неговите најпопуларни, бидејќи е предмет на бројни репродукции[1]. Сликата е дел од збирките на музејот Фабр во Монпелје (инвентар 868.1.23. )

Историја на делото

[уреди | уреди извор]

Сликата ја нарачал Алфред Брија од Гистав Курбе, а во 1868 година тој му ја поклонил на Музејот Фабр[1].

Делото предизвикало скандал на Универзалната изложба каде што било претставено. Критичарите беа погани, сметајќи го ова дело како „манифестација на чудовишна гордост“[2].

На патот помеѓу Сен-Жан де Веда и Миревал, Алфред Брија, покровител, придружуван од неговиот личен слуга и неговото куче, доаѓа да го запознае Курбе. Изненадувачки, Курбе се претставува себеси на исто ниво како и неговиот заштитник. Тој дури изгледа горд и робустен, додека вториот е слаб и скоцкан[3].

Контекст

[уреди | уреди извор]

Ова дело го овековечува доаѓањето на Гiстав Курбе во Монпеljе во 1854 година. Претставува и средба на сликарот со човекот кој ќе му стане покровител - Алфред Брија.

Буржуите од градот разговараат со Евреинот скитник. Пјер Лелу ди Ман. 1831 година. Популарна печатена графика.

Сликата е инспирирана од популарната печатена графика изработена од Пјер Лелу ди Ман (1769-1844) во 1831 година: Буржуите од градот разговараат со Евреин скитник[2].

  1. 1,0 1,1 Des Cars и др. 2007
  2. 2,0 2,1 „Musée Fabre. La Rencontre“. Архивирано од изворникот на 2014-02-22.
  3. „Gustave Courbet - Un artiste engagé“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-10-07. Посетено на 12 novembre 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)