Прејди на содржината

KOI-256

Од Википедија — слободната енциклопедија
KOI-256

Придружното бело џуџе кое гравитациски ја искривува светлината од KOI-256
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 00м &1000000000000444300000044,43с
Деклинација +49° 33′ &1000000000000553300000055,33″
Особености
{{{компонента}}}
Развојна фаза Црвено џуџе
Спектрален тип M3V
Привидна ѕвездена величина (Kepler) 15,37
Привидна величина (J) 12,701 ± 0,024
Привидна величина (H) 12,001 ± 0,019
Привидна величина (Ks) 11,783 ± 0,023
Привидна величина (r) 15,754
Привидна величина (i) 14,636
Привидна величина (z) 14,059
R−I Боен показател 1,118
J−H Боен показател 0,700 ± 0,031
J−K Боен показател 0,918 ± 0,033
{{{компонента}}}
Развојна фаза Бело џуџе
Спектрален тип D
Привидна ѕвездена величина (Kepler) 19,45
Астрометрија
Оддалеченост1828 сг
(560 пс)
Орбита[1]
ПридружникKOI-256 B
Период (P)1,3786548 ± 0,00001 дена
Голема полуоска (a)0,0250 ± 0,0018 ае
Занесеност (e)0
Наклон (i)89,01 ± 0,65°
Перицентарска епоха (T)2.455.373,635498 ± 0,000036
Аргумент на перицентарот (ω)
(главна)
90°
Полузамав (K1)
(главна)
106,5 ± 1,8 км/с
Податоци [1]
KOI-256 A
Маса0,51 ± 0,15 M
Полупречник0,54 ± 0,014 R
Температура3.450 ± 50 K
Металичност0,31 ± 0,10
Вртежна брзина (v sin i)19,79 ± 0,52 км/с
KOI-256 B
Маса0,592 ± 0,084 M
Полупречник0,01345 ± 0,00091 R
Температура7.100 ± 800 K
Други ознаки
KIC 11548140, 2MASS J19004443+4933553
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Архив на вонсончеви планети— податоци
KIC— податоци

KOI-256двојна ѕвезда со местоположба во соѕвездието Лебед приближно на растојание од 560 п��рсекs (1,828 сг) од Земјата.[2] Иако набљудувањата од вселенското летало Кеплер укажувале дека системот содржи џиновска вонсончева планета во орбита околу црвеното џуџе, подоцнежните истражувања утврдиле дека KOI-256 е двоен сситем од црвено џуџе и бело џуџе.[3][4]

KOI-256

Акронимот „KOI“ значи занимливо Кеплерово тело и означува дека ѕвездата била каталогизирана од страна на вселенското летало Кеплер, за време на неговата потрага за вонсончеви планети во премин пред матичните ѕвезди. Бројот „256“ е редниот број на ѕвездата.

Особености

[уреди | уреди извор]

Првичните набљудувања на мисијата Кеплер укажувале на црвено џуџе со маса од 0.65 M, полупречник од 1.1 R, и температура од 3.639 K. За планетарниот кандидат се проценувало дека има маса од 14.8 M🜨, полупречник од 25.34 R🜨, орбитален период од 1,38 денови, температура од 1160 K, и голема полуоска од 0,021 астрономски единици.[5][6] Понатамошните истражувања од страна на Мјурхед et al. (2012) ги преразгледале параметрите на планетарниот кандидат и добиле полупречник од 5,60 ± 0,76  R🜨, температура од 726 K и голема полуоска од 0,016 ае.[7]

Мјурхед et al. (2013) извршиле дополнителни набљудувања со Хејловиот телескоп при Паломарската опсерваторија. Користејќи метод на радијална брзина за да се забележат вонсончевите планети, екипата на Мјурхед забележала дека црвеното џуџе премногу се ниша за во орбита да има планета, и поверојатно е дека е под влијание на бело џуџе. Користејќи ултравиолетови податоци од вселенското летало GALEX, се забележало дека црвеното џуџе е особено активно, понатамошно потврдувајќи дека растројувањата се создадени од бело џуџе. екипата ги преразгледала податоците од Кеплер, и забележале дека кога белото џуџе ќе поминело пред црвеното џуџе, светлината на црвеното џуџе забележително се искривувала и засјајувала, ефект познат како гравитациска леќа. Иако е малку поголемо од Земјата, белото џуџе има толку голема маса што поголемото црвено џуџе е во орбита околу помалиот придружник.[3]

Со новите набљудувања, се утврдило дека црвеното џуџе има маса од 0,51 ± 0,15  M, полупречник од 0,540 ± 0,014  R и температура од 3,450 ± 50 K (3,180 ± 50 °C). Белото џуџе има маса од 0,592 ± 0,084  M,полупречник од 0,01345 ± 0,00091  R и температура од 7,100 ± 800 K (6,800 ± 800 °C).[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Muirhead, Philip S.; Vanderburg, Andrew; Shporer, Avi; Becker, Juliette; Swift, Jonathan J.; и др. (April 2013). „Characterizing the Cool KOIs. V. KOI-256: A Mutually Eclipsing Post-common Envelope Binary“. The Astrophysical Journal. 767 (2). 111. arXiv:1304.1165. Bibcode:2013ApJ...767..111M. doi:10.1088/0004-637X/767/2/111.
  2. Ayiomamitis, Anthony (28 August 2011). „Differential Photometry - KOI 256 in Cygnus“. Perseus.gr. Посетено на 29 August 2015.
  3. 3,0 3,1 „Gravity-Bending Find Leads to Kepler Meeting Einstein“. NASA. 4 April 2013. Архивирано од изворникот на 5 July 2015. Посетено на 29 August 2015.
  4. O'Neill, Ian (4 April 2013). „Kepler Watches White Dwarf Warp Spacetime“. Discovery.com. Архивирано од изворникот на 2015-09-15. Посетено на 29 August 2015.
  5. Borucki, William J.; Koch, David G.; Basri, Gibor; Batalhi, Natalie; Brown, Timothy M.; и др. (July 2011). „Characteristics of Planetary Candidates Observed by Kepler. II. Analysis of the First Four Months of Data“. The Astrophysical Journal. 736 (1). 19. arXiv:1102.0541. Bibcode:2011ApJ...736...19B. doi:10.1088/0004-637X/736/1/19.
  6. Szabó, R.; Szabó, Gy. M.; Dálya, G.; Simon, A. E.; Hodosán, G.; и др. (May 2013). „Multiple planets or exomoons in Kepler hot Jupiter systems with transit timing variations?“. Astronomy and Astrophysics. 553. A17. arXiv:1207.7229. Bibcode:2013A&A...553A..17S. doi:10.1051/0004-6361/201220132.
  7. Muirhead, Philip S.; Hamren, Katherine; Schlawin, Everett; Rojas-Ayala, Bárbara; Covey, Kevin R.; и др. (May 2012). „Characterizing the Cool Kepler Objects of Interests. New Effective Temperatures, Metallicities, Masses, and Radii of Low-mass Kepler Planet-candidate Host Stars“. The Astrophysical Journal Letters. 750 (2). L37. arXiv:1109.1819. Bibcode:2012ApJ...750L..37M. doi:10.1088/2041-8205/750/2/L37.